Легендата на хрватскиот и југословенскиот фудбал, Роберт Просинечки, кој сега е селектор на Босна и Херцеговина, смета дека Србија ќе има проблеми да ја помине групата на Светското првенство во Русија.
Србија се наоѓа во група со Костарика, Швајцарија и Бразил.
„Многу тешка група, кој што сака нека зборува. Швајцарија, па Костарика. Бразил ми е прв фаворит за титулата. Многу тешка група и ќе биде многу тешко Србија да помине, иако го има квалитетот. Швајцарците се покажаа како цврст тим последните години. Одат на големи натпреварувања, имаат зрела репрезентација. Ги победија сите освен Португалија, и затоа мораа во бараж“, вели Просинечки за српскиот „СОС Канал“.