Top Sport

Вест хем се решија за Мануел Пелегрини

Вест хем објавија дека го именувале „еден од најпочитуваните тренери на светот“, Мануел Пелегрини како замена за Дејвид Мојс, кој си замина по крајот на договорот.

64-годишниот поранешен менаџер на Манчестер сити,  во текот на викендот замина од кинескиот клуб Хебеи Чајна фортјун и состанокот со претседателот, Дејвид Саливен, решил да го преземе тимот.

„Секогаш сум имал победнички менталитет и верувам во потенцијалот на Вест хем. Сезоната беше тешка, но следната година ќе играме подобар напаѓачки фудбал и ќе оствариме дел од целите. Со уште четири-пет засилувања би имале многу силен тим“, изјави Чилеанецот Пелегрини.

Вест хем сезоната ја заврши на 13. место, откако во првиот дел од сезоната беа во позиција во која стравуваа од испаѓање.

Scroll to Top