Дербито на отварањето на новата сезона во кошаркарската Евролига му припадна на Реал Мадрид, откако тие го совладаа актуелниот шампион Анадолу Ефес со лесни 82:69, откако во поголемиот дел од мечот имаа предност од 20-тина поени, контролирајќи го мечот од стартот до финишот.
Новите момци го предводеа новиот Реал – Томас Ертел ги постигна 10 од своите 15 поени во првата четвртина за да помогне „кралевите“ да дојдат до 32:15 водство, додека Гершон Јабуселе додаде 15 поени, 4 скока и 4 асистенции, а Еди Тавареш уфрли 13 поени и имаше 12 скока.
Ефес не успеа да одговори на агресивната игра на почетокот на мечот, и губеше со 21 поени во средианта на втората четвртина. Шејн Ларкин заврши со 21 поен и 6 асистенции, а Филип Петрушев имаше 17 поени во свеото деби во Евролигата. Василије Мициќ имаше лоша вечер со 9 поени со 3-од-10 од поле.
ЕВРОЛИГА, 1.КОЛО
Монако – Панатинаикос 75:63 (22:15, 16:13, 18:16, 19:19)
Макаби Тел Авив – Баерн Минхен 69:68 (25:18, 15:14, 14:26, 15:10)
Олимпија Милано – ЦСКА Москва 84:74 (21:29, 23:16, 18:14, 12:15)
Реал Мадрид – Анадолу Ефес 82:69 (32:15, 18:20, 18:13, 14:21)