ФИФА му дозволи на Уругвај, на дресот да носи четири ѕвезди и покрај тоа што ооваа репрезентација два пати била светски првак. Уругвај триумфирал на светските првенства во 1930 и 1950 година. Два пати оваа репрезентација победила на Олимписките игри.
Уругвај два пати победиле на Олимписките игри во 1924 и 1928 година. Тие турнири тогаш се сметаа за светски првенства. Поради тоа Уругавјците тие златни медали ги бројат како светски титули.
ФИФА, пред неколку месеци донесе одлука да избрише две ѕвезди од грбот на Уругвај. Откако Уругвајците ја обжалија одлуката, ФИФА попушти. Уругвај и понатаму ќе има четири ѕвезди над грбот и покрај тоа што во историските книги на ФИФА стои дека тие два пати победиле на светските шампионати.
Уругвај со 15 титули на Копа Америка, заедно со Аргентина е најтрофејната јужноамериканска селекција.