Даниел Стариџ кариерата че ја продолжи во Австралија. Поранешниот англиски репрезентативец 18 месеци беше без клуб, кога Трабзон го раскина договорот со напаѓачот.
Стариџ потпиша договор со Перт Глори. Според медиумите, големо влијание да потпише со Перт имал поранешниот негов соиграч Бред Џонс.
Стариџ во кариерата настапувал за Манчестер сити, Челси, Ливерпул, Болтон, ВБА, Трабзон. Периодот од 2013 до 2019 година му е најуспешен во кариерата, за Ливерпул одиграл 116 натпревари постигнал 50 голови.