Напаѓачот на Наполи, Ирвинг „Чаки“ Лозано открива дека по повредата на окото која ја добил при настапите за Мексико на Златниот куп во текот на летото, за малку ќе го убиеле.
26-годишниот Лозано доби опасен удар на главата кога се судри со голманот на Тринидад и Тобаго, Марвин Филип на мечот на 11 јули. Тој веднаш беше однесен во болница и не заигра повторно на турнирот и сега тврди дека постоела опасност да го загуби животот.
„Многу лекари ми кажаа дека можев да го загубам животот и кога ќе добиеш таква информација, нормално е да се плашиш, бидејќи ќе ги оставев двете деца и мојата сопруга сами. Кога имаш деца, само за тоа се грижиш. Да беше повредата малку полево или подесно, ќе останев парализиран. За среќа и тоа помина“, вели Лозано.