Top Sport

Солскјер му одговори на Ван де Бек: Јас сум рекордер по седење на клупа…

Оле Гунар Солскјер сакаше да ја намали важноста на лутата реакција на Дони ван де Бек, откако Холанѓанецот повторно не доби шанса да влезе во игра во мечот од ЛШ против Вилјареал, оценувајќи дека не сака да се наруши атмосферата во тимот, и посочувајќи дека тој честопати во фудбалската кариера, слично како Ван де Бек ја чекал шансата од клупата.

Снимките ја покажаа лутата реакција на Ван де Бек откако не влезе во игра и потоа ја фрли гумата за џвакање во насока на тренерот.

„Менаџирам тим полн со интернационални фудбалери, конкурентни луѓе кои сакаат да направат разлика, да играат и да бидат на теренот. Дони беше подготве да влезе, како што треба да се сите фудбалери. Јас сум бил замена најверојатно најмногу во историјата на овој клуб, така што секогаш треба да си подготвен. И јас не бев среќен, но тоа е одлука на менаџерот. Алекс Телес излегуваше како лев бек, а Фред беше добар на таа позиција. Ја сфаќам фрустрацијата, но таа треба да се трансформира во енергија кога ќе добие шанса. Не само Дони, туку сите играчи. Потребна ни е позитивна енергија, а не лутење. Дони не влијаел на тимот негативно, но ако има такво нешто ќе реагирам“, вели Солскјер.

Ван де Бек, очигледно, веќе нема нерви да седи на клупа

Scroll to Top