Јирген Клоп вели дека не е најдобриот избор да биде следниот филмски Џејмс Бонд, откако актерот Даниел Крег, инаку страствен навивач на Ливерпул, го предложи Германецот за таа улога.
Крег со новиот „Нема време за умирање“ (No Time to Die), го комплетира петтиот филм за Џејмс Бонд и заминува од улогата на најпознатиот фиктивен англиски таен агент, по што има голем број на шпекулации кој ќе ја преземе таа улога. Крег минатата недела изјави дека Клоп би бил совршен за таа улога, но Германецот не се согласува.
„Благодарам за убавите зборови, но јас би бил многу лош Џејмс Бонд. Ако излезам од вода со кратки панталони, мислам дека целиот свет ќе престане да го гледа филм. За среќа, имам друга работа. Тој треба да го спаси светот, јас треба да помогнам на Ливерпул. Како дете, сакав да бидам Џејмс Бонд, но сега уживам во тоа што го прави Даниел Крег, со кого се сретнав двапати. Ги следам филмовите уште од времето на Шон Конери и Роџер Мур и секогаш ми се допаѓале“, вели Клоп.