Сите бразилски фудбалери, освен тројцата кои ќе го играат финалето во Лигата на шампионите пристигнаа во тренинг центарот во Гранжа Комари, каде што бразилската репрезентација ќе почне со подготовките за Мундијалот.
Играчите на Барселона, Филип Кутињо и Паулињо беа последни кои го комплетираа 20-члениот состав во вторникот, за да поминат низ медицински и физички тестови. Кутињо, новата ѕвезда на Барселона имаше највпечатливо пристигнување, со хеликотер!
На тренинзите се и дефанзивецот на Интер, Миранда, голманот на Рома, Алисон, додека голманот на Коринтијанс, Касио се приклучи откако го помина денот вадејќи пасош за неговата четиримесечна ќерка за патување во Русија. Нејмар пак, веќе ги помина медицинските тестови.
Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, како и играчите на Реал Мадрид, Марсело и Касемиро ќе го комплетираат составот во понеделник по саботното финале на Лигата на шампионите.