Фудбалерите на Парма испуштија предност од два гола на гостувањето кај СПАЛ. Дуелот на клубовите кои минатата сезона се натпреваруваа во Серија А, заврши без победник 2:2.
Парма имаше предност со головите на Тутин во 27,минута и Васкез во 68.минута.
СПАЛ ремито го најави со голот на Вивијани во 82.минута. Играчот на СПАЛ од 30 метри испрати проектил кој не успеа да го скроти Буфон. Конечниот резултат го постави Коломбо во 91.минута.