Повеќе од 200 ученици од основните училишта од Охрид, Дебрца, Струга и Кичево учествуваа на училишната трка која е дел од „Трките на различностите“, а во склоп на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.
Најдобрите и најбрзите на трката ги награди градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, а организираторот ги изненади со бесплатен ваучер за учество на „Охрид трчаТ“ кој ќе се одржи на 3.јуни.
„На наше големо задоволство покрај основните училишта од Охрид на нашата покана позитивно ја прифатија и основите училишта од Дебца, Струга и Кичево. Натпреварувачкиот рекреативен дел помина во добра и позитивна атмосфера, што нас како организиратори прво ни дава мотив за предизвиците кои ни престојат во последните денови до главниот настан. Ние како организиратори одлучивме да ги изненадиме најдобрите и да ги наградиме со бесплатен ваучер за учество на „Охрид трчаТ“, изјави Катерина Бујароска-Ангелеска.
Училишната и детската трка која ќе се одржи на 2.јуни и ќе биде најава за главниот настан се спроведени од страна на асоцијацијата „Спорт за сите-сите за Спорт“ и Сојузот на училишен спорт од Охрид, а е поддржана од Европската Унија, Локална агенција за развој и ЗГ „Креативни и активни“ од Струга.
Победници:
Женска конкуренција:
1. Марија Шипинкоска (ОУ Христо Узунов)
2. Драгана Усовиќ (ОУ Христо Узунов)
3. Александра Петреска (ОУ Браќа Миладиновци – Струга)
Машка конкуренција:
1. Филип Ѓоргоски (ОУ Христо Узунов)
2. Атанас Куциноски (ОУ Христо Узунов)
3. Климент Филев (ОУ Климент Охридски)