Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, истакнал дека шпекулациите околу засилувањата на „кралскиот клуб“ речиси никогаш не се точни. Последен кого медиумите го поврзаа со трансфер во Реал е Бразилецот Нејмар.
„Овде секогаш се говори за некои нови лица, нови имиња. Осум години сум во Реал и во тој период се спомнати 50 имиња, но никој од нив не дојде во клубот. На крајот исти се играчите што стигнуваат до финалето, бидејќи најдобрите се веќе во Реал, Бејл, Бензема, Асенсио…Сите се тука“, потенцирал Роналдо.
Најдобриот играч во светот рекол дека кариерата би можела да му трае уште седум-осум години.
„Биолошки имам тело на 23-годишник. Имам уште многу време, би можел да играм и на 41-годишна возраст. Се чувствувам добро, среќен сум“, реко Португалецот.
Кристијано Роналдо, в сабота, со Реал ќе игра во финалето, во Лигата на шампионите. Противник на реал во Киев ќе му биде Ливерпул.