Top Sport

Локомотив Москва остана без тренер

Српскиот тренер Марко Николиќ повеќе не е тренер на Локомотив Москва. Тренерот си поднел оставка, поради серијата на лоши резултати, Локомотива нема победа на последните пет натпревари.

Николиќ, со челниците на Локомотив, договорил спогодбен раскин на договорот. Од оставката ќе заработи три милиони долари.

Тренерот бил незадоволен од атмосферата во клубот. Лекарот решавал кои играчи се подготвени за настап, а тренерот не се прашувал ниту околу засилувањата.

Николиќ со Локомотив, минатата сезона го освои Купот на Русија.

Scroll to Top