Top Sport

Раниери пристигнал во Вотфорд

Калудио Раниери, пристигнал во Вотфорд, на завршни преговори истоимениот клуб. Вотфорд бара тренер откако го отпуштија Чиско Муњоз.

Англиските медиуми тврдат дека прашање на време е кога Вотофорд ќе објави дека 70-годишниот Раниери е нов тренер.

Клаудио Раниери е без работа од крајот на минатата сезона, кога му заврши договорот со Сампдорија.

Тој има големо искуство во Премиерлигата, четири сезони го тренираше Челси, а најголемиот успех го оствари со Лестер, во сезоната 2015/2016, кога ја освои шампионската титула.

Вотфорд, по седум кола се наоѓа на 15.место во Премиер лигата со седум освоени поени.

Scroll to Top