Top Sport

„Најмар е разгалено детиште“

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Едуард Сисе, го нарекол Нејмар „разгалено детиште“. Сисе, со мали паузи бил играч на ПСЖ од 1997 до 2007 година.

Сисе тврди дека Најмар се „изгубил“ откако пристигнал во Париз од Барселона.

„Во Барселона имаше јасна хиерархија, и тој и покрај тоа што многу дриблаше. играше добро. Неговата работа беше да ја пробие дефанзивната линија, да направи разлика и потоа да му остави топката на генералот Меси. Тоа толку добро го правеше што стана второто јас на Меси. Во Париз му дадоа неограничена слобода, му дозволија да прави што сака. Во еден момент се изгуби“, рекол Сисе и заклучил.

„Тој е брилијантен фудбалер, тоа сите го знаат, но тој стана разгалено детиште, кое на сите други им говори што треба да прават“.

Scroll to Top