Top Sport

Тухел го „штеди“ Саул по кошмарното деби за Челси

Томас Тухел вели дека не сакал да постави дополнителен притисок на новото засилување Саул Нигез, кој не беше дел од премиерлигашкиот тим на Челси откако беше заменет на полувремето во кошмарното деби против Астон вила.

Шпанецот дојде во Лондон на последниот ден од преодниот рок на првична позајмица од Атлетико Мадрид, и на 11 септември дебитираше како стартер против Вила, но беше повлече по само едно полувреме, а потоа заигра само уште 76 минути против истиот противник во Карабао Купот.

„Овојпат беше блиску до старт против Саутемптон, но одлучив да го поштедам, бидејќи не беше фер да го поставам во игра против противник кој притиска во средината на тереот. Но, не треба да се грижи, треба да продолжи со работата и шансите се тука. Имам само 11 места во стартниот тим“, вели Тухел.

26-годишниот плејмејкер не беше повикан од Луис Енрике во шпанската репрезентација за мечевите во квалификациите за СП.

Scroll to Top