Top Sport

Таунзенд му досадувал на Роналдо за дресот: Си мрмореше нешто на португалски

Крилото на Евертон, Андрос Таунзенд призна дека морал да му досадува на Кристијано Роналдо да го добие неговиот трес по копирањето на неговата „Сиуу“ прослава при 1:1 ремито со Манчестер јунајтед.

Таунзенд беше на насловните страници откако го постигна израмнувачкиот гол на „Олд Трафорд“ поради копирањето на прославата, но инсистираше дека тоа го направил од чест кон Роналдо, кого го смета за најдобриот на светот.  Подоцна тој се пофали дека го добил дресот од Роналдо, а сега објасни како течел разговорот.

„Си поставив цел дека нема да заминам од ‘Олд Трафорд’ без дресот на Роналдо. Видовте дека веднаш по крајот, отидов кај него. Тој нешто мрмореше, но не на англиски, туку на португалски. Три или четири пати му го побарав дресот и на крајот се предаде и ми кажа дека ќе го добијам внатре. Додека бев во соблекувалната, дресот пристигна. Тој дрес ќе го чувам засекогаш“, вели 30-годишниот Таунзенд.

Нема лутење! Таунзенд го доби дресот на Роналдо: Само респект за G.O.A.T.

Scroll to Top