Атлетичарот од Јамајка, Неста Картер, повторно бил позитивен на допинг. Овој 36-годишен спринтер, беше позитивен на допинг-тестот и на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.
Поради Картер, штафетата на Јамајка на 4×100 метри беше дисквалификувана и остана без златниот медал. Покрај Картер во штафетата трчаа Јусеин Болт, Асафа Пауел и Никел Ашмеде.
Картер е виновен што Болт не успеа да освои по три златни медали, на три Олимпијади по ред. Легендарниот Болт, кариерата ја заврши о осум златни олимписки медали.
По повод последниот допинг тест, Картер својата невиност ќе се обиде да ја докаже на 14.октомври.