Top Sport

Лејкерси ќе го пензионираат дресот на Гасол

Лос Анџелес Лејкерс ќе го повлечат дресот со бројот 16, во чест на Пау Гасол. Легендарниот центар, вчера, замина во пензија. Најдобриот период во кариерата, Гасол го имаше во Лејекрси од 2008 до 2014 година.

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, во тандем со Коби Брајант, на Лејекрси им обезбеди две титули во НБА лигата (2009, 2010). Поради тоа Лејекрси ќе го повлечат неговиот дрес.

Гасол, НБА кариерата ја започна во мемфис Гризлис, а откако замина од Лејкерси, настапуваше за Чикаго Булс, Сан Антонио Спарс и Милвоки Бакс. Во Европа играл само за Барселона.

Scroll to Top