Top Sport

Брих избришан од ФИФА листата

ФИФА го избриша од својата листа германскиот судија Феликс Брих. Неговото име не е на списокот, на лиценцирани судии од Фудбалскиот сојуз на Германија, што значи дека тој ќе остане без знакот на ФИФА.

Брих, 14 години го носеше знакот на ФИФА. Во Лигата на шампионите судел 65 натпревари, а во 2017 година беше главен судија во финалниот меч, имаше чест да го суди и финалето во Лига Европа, три години претходно.

Во Бундеслигата, за 17 години, судел 303 натпревари.

На местото на Брих, на листата на Фудбалскиот сојуз на Германија за 2022 година ќе биде Свен Јаблонски.

Scroll to Top