Top Sport

Де Брујне: Не требаше да играм против Италија

Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, жали што настапил за Белгија, пртив Италија, во четврт-финалето на Европското првенство. Тој натпревар го завршил со сериозна повреда на глуждот.

Настапот на Де Брујне, на Европското првенство, беше под знак прашалник, поради повредата која ја заработи во финалниот мел, во Лигата на шампионите, против Челси. Не играше на првиот меч во групата, против Русија. Потоа играше едно полувреме против Данска, па го пропушти дуелот со Финска.

Во осмина-финалето, го повреди зглобот по стартот од Палиња.

„На турнирот дојдов со повреда на окото, таму одиграв три натпревари и си заминав со сериозна повреда на глуждот. Веднаш знаев дека не е добро. Против Италија играв откако претходно примив две инјекции против болки. Да знаев дека во каква состојба потоа ќе ми биде глуждот, немаше да играм“, рекол Де Брујне.

Од повредата, Белгиецот, се рехабилитираше цело лето. Првиот натпревар за Манчестер сити го одигра дури на 15.септември.

Scroll to Top