Top Sport

„Крал“ на северот! Саудијците го преземаа Њукасл јунајтед, навивачите слават пред „Сент Џејмс парк“

Њукасл јунајтед имаат нови сопственици, откако беше склучен договорот за 305 милиони фунти за досегашниот газда Мајк Ешли, и договорот беше одобрен од Премиер лигата, откако тие добија уверувања дека државата Саудиска Арабија нема да има директно влијание во клубот, туку тој ќе биде воден од Саудискиот државен фонд (ПИФ).

„Премиерлигата, Њукасл јунајтед и ‘Сент Џејмс холдингс’ го обезбедија преземањето на клубот од конзорциумот на ПИФ, ПЦП Капитал партнерс и РБ спортс и медија. Легалните несогласувања се надминати, и сите страни се согласни дека долгата неизвесност околу иднината на клубот. Премиерлигата доби легално обврзувачки уверувања дека Кралството Саудиска Арабија нема да го контролира Њукасл јунајтед ФЦ“, се вели во објавата на Њукасл.

Саудиските моќници на чело со принцот Мохамед бин Салман, со богатство од 300 милијарди фунти, речиси една година се обидуваат да го преземат Њукасл, но имаа проблеми со носителот на ТВ правата „БеИН спортс“ од Катар.

„Неговото височество Јаси Ал-Румајан, гувернерот на ПИФ, ќе биде неизвршен директор на Њукасл јунајтед, Аманда Ставели ќе има место на бордот, заедно со Џејми Реубен“, се вели во објавата на клубот.

Со ова се става крај на контроверзното 14-годишно владеење на Мајк Ешли со клубот, и нормално, се креваат амбициите на навивачите на Њукасл, кои мораа да изддржат низа на слаби сезони, како тековната во која се во зоната за испаѓање и со неизвесно место на менаџерот Стив Брус.

Њукасл, сега, се очекува да биде ривал на клубовите со богати газди во Британија, како Манчестер сити и Челси, но и Пари Сен-Жермен во Франција. Навивачите очекуваат веќе во јануари да има (скапи) засилувања за тимот.

Scroll to Top