Дека младата репрезентација на Португалија е полна со таленти за кои најверојатно ќе слушаме многу во блиска иднина, е сосема јасно. Дека се и апсолутно безмилосни дознавме вечерва, кога стигнаа до неверојатна 11:0 победа над Лихтенштајн, откако во првото полувреме им уфрлија дури 9 гола.
Стартот на мечот беше неверојатен – првиот гол падна по 5 минути игра, по 13 минути веќе беше 4:0, а по 25 минути дури 6:0. Талентот на Бенфика, Гонсало Рамос постигна четири гола во првото полувреме, додека напаѓачот на Вулверхемптон, Фабио Силва имаше два гола.
RF: Portugal sub-21 11-0 Liechtenstein sub-21
⚽⚽⚽⚽ Gonçalo Ramos
⚽⚽ Fábio Silva
⚽ Nuno Tavares
⚽ André Almeida
⚽ Fábio Vieira
⚽ Tiago Tomás
⚽ Francisco Conceição pic.twitter.com/eOYehGFDPQ— B24 (@B24PT) October 7, 2021