Италијанските и шпанските медиуми најавуваат сензационален трансфер на Алексис Санчез. Чилеанецот е незадоволен од статусот што го има во Интер, само три пати настапи сезонава во Серија А, пораи што се очекува во јануари да го напушти клубот.
Медиумите на Апенините и Пиринеите тврдат дека тој ќе се врати во Шпанија. Наводно, Санчез, кариерата ќе ја продолжи во дресот на Рајо Ваљекано.
Клубот од „Ваљекас“, оваа сезона се врати во Примера. На почетокот на сезоната, тимот на чии гол се наоѓа Стоел Димитриевски, бележи одлични резултати. Рајо Ваљекано, по осум кола, се наоѓа на шестото место на табелата, со само четири поени помалку од лидерите на табелата.
Играч на Рајо од оваа сезона е Радамел Фалкао. Тој и Санчез беа соиграчи пред 14 години во Ривер Плејт. Проблем за Рајо и останатите заинтересирани клубови (Валенсија, Бетис, Севилја, Олимпик Марсеј) е неговата плата.
Нокој од заинтересираните не може да му плаќа девет милиони евра на годишно ниво.