Звонимир Бобан, во интервју за „Газета дело Спорт“, ги проценил шансите на неговиот поранешен клуб Милан, во борбата за шампионската титула во Серија А. Бобан во интервјуто говорел и за актуелните случувања во европскиот фудбал.
„Суперлигата беше срамен обид за организација на ново натпреварување. Тие милијардери сакаа повеќе пари само за себе, тие луѓе не го сакаат фудбалот. Слично е и со идејата светските првенства да се играа на секои две години. Тоа е апсурдна идеја“, рекол Бобан и продолжил.
„Јас сум навивач на Милан и среќен сум што клубот дојде во позиција да се бори за титулата. Се уште не е на нивото на најдобрите европски клубови, но многу работи се сменети во клубот. Мислам дека клучен момент беше враќањето на Златан Ибрахимовиќ. Тој е феномен. Сепак фаворити за титулата се Наполи и Интер. Тие се подобри од другите. Едноставно се посилни технички, тактички, физички. Наполи го има ова, а Интер е многу опасен со Лаутаро и Џеко. Лукаку физички доминираше, но Џеко и фантастичен фудбалер“.