Ема Радукану не успеа да го мине првото коло на мастерс турнирот во Индијан Велс. Британата во два сета (6/2, 6/4), загуби од Аликсандра Саснович.
Пред само 27 дена, Радукану, го сензационално го освои Ју-ес опен. Против Саснович, која се наоѓа на 100.место на ВТА листата, младата Британка, немаше никакви шанси. Нејзината игра не беше на нивото кое треба да го има една гренд слем шампионка.
„Потребно е да помине малку време за да разберам што се случува. Сепак сум нова за ова ниво на тенис. Вакви искуства се новост за мене. Знам дека овој пораз е за мое добро“, рекла Радукану.
Сасновиќ во второто коло ќе игра против Романката, Симона Халеп.