Новите газди на Њукасл јунајтед најавуваат офанзива на фудбалскиот пазар во зимскиот преоден рок. На „Сент Џејмс парк“, се потребни засилувања кои треба да изборат опстанок во Премиер лигата.
Медиумите се обидуваат да откријат кои играчи би можеле да го засилат Њукасл во јануарскиот преоден рок.
Потенцијално засилување би можел да биде Ентони Марсијал. Напаѓачот на Манчестер јунајтед, ретко добива шанса од Оле Гунар Солскјер, тој е на маргините по доаѓањето на Кристијано Роналдо и Џејдон Санчо.
Тој бил подготвен да замине, но досега не можеше да најде клуб кој би ја презел неговата плата од 10 милиони евра. Од оваа перспектива трансферот во Њукасл делува како реална опција.
Марсијал има договор со Јунајтед до јуни 2024 година. Неговата вредност „Трансфермаркт“ ја проценува на 35 милиони евра.