Аксел Кеи го запиша името во историските книги на американскиот професионален спорт. Тој стана најмладиот дебитант во САД.
Кеи на возраст од 13 години, девет месеци и девет дена, дебитираше во втората лига на САД, во дресот на Реал Монарх. На теренот влезе во 61.минута.
За споредба, Фреди Аду, за ДЦ јунајтед, дебитираше на 14-годишна возраст.
Аксел Кеи е роден во Брегот на Слоновата коска, потоа неговото семејство емигрирало во Калифорнија.
Минатата сезона, играше за кадетите на Реал Салт Лејк и беше најдобар стрелец во сезоната.