Британецот Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот) уште е носител на розевата маичка на Џиро Д’Италија, но сега неговата предност во генерален пласман пред Холанѓанецот Том Думулин е преполовена на 28 секунди по 18. етапа, на која победи младиот Германец Макс Шахман.
Првпат на 101. издание на Џирото, Јејтс загуби време во планински финиш, откако актуелниот шампион Думулин нападна во последните два километри од искачувањето до Прато Невозо по 198 километри од Абијатеграсо.
First Grand Tour stage win for @MaxSchachmann! Bravo! #Giro101 #Giro pic.twitter.com/rxWAsG7bYI
— Giro d’Italia (@giroditalia) May 24, 2018
По неколку напади на ривали надвор од топ 10, Думулин (Санвеб) успеа да нападне заедно со Британецот Крис Фрум во последниот километар. Јејтс не тргна заедно со нив и остана со Италијанецот Доменико Поцовиво (Бахреин Мерида) за да заостане 28 секунди зад Думулин. За Јејтс остануваат уште две планински етапи, пред финалето во Милано во недела.
Шахман на врвот, во својата прва голема трка, ги победи Рубен Плаза (Израел Сајклинг) и Матија Катанео (Андрони Џокатоли) за втора победа оваа сезона.