Top Sport

Раритет во Шпанија – кошаркарски тренер го фрли сакото на терен поради лоша судиска одлука

Невиден потег на кошаркарските терени во Шпанија. На меч од АЦБ лигата меѓу Фуенлабрада и Сан Пабло Бургос, помошникот тренер на домашната екипа, Салвадор Гардија имаше излив на без поради кој заработи исклучување.

При резултат 53:44 за гостите незадоволен поради недосудениот прекршок врз домашниот кошаркар Басала Бакајоко, тренерот го фрли своето сако на паркетот силно протестирајќи.

Откако судијата му покажа исклучување, тој дојде до младиот играч, го удри по градите во знак на поддршка и го напушти теренот.

На крајот на мечот гостите славеа триумф со 96-91.

Еве го целиот настан:

Scroll to Top