Top Sport

Лион со петта титула од Лигата на шампиони (видео)

Олимпик Лион стана најуспешниот женски фудбалски клуб откако стигна до петтата титула во Лигата на шампионите со 4:1 победа над Волфсбург, во меч во кој сите голови беа постигнати во продолжението, а германскиот клуб остана со 10 играчи.

Амандин Анри, Јужини Ле Сомер, Ада Хегерберг и Камил Абили постигнаа голови за Лион, откако Перниле Хардер прво ги донесе Волфсбург во водство на почетокот на продолжението по 90 минути без голови. За Лион ова е трета титула едноподруго и петта севкупно, со што ги поминаа четирикратните шампиони ФФЦ Франкфурт.

Фото: ЕПА

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');