Јужноамериканците го комплетираа 11.коло, од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Аргентина убедливо го порази Уругвај, Бразил ја прекина совршената низа во Колумбија, Венецуела и Боливија забележаа изненадувачки победи.
Аргентина со победата 3:0 му го расипа јубилејот на Диего Годин, кој 150.пат настапи за Уругвај. Аргентинците победата ја обезбедија во првиот дел, со головите на Меси во 28. и Де Пол во 38.минута. Конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез во вториот дел.
Аргентина нема пораз на последните 24 натпревари.
Чиле ги задржа шансите за пласман на СП со триумфот нат Парагвај од 2:0. Во интервал од три минути, Чилеанците го решија мечот. Дефанзифците Беретон во 69. и Исла во 72.минута ги постигнаа головите.
Венецуела со пресврт славеше над Еквадор 2:1, а Боливија со играч помалку славеше над Перу со 1:0. Без голови заврши дуелот Колумбија-Бразил.
Бразил води на табелата со 28 бодиви, Аргетнина има 22, Следуваат Еквадор и Уругвај со по 16, односно Колумбија со 15 бодови. Во вториот дел од табелата се Парагвај со 12, Перу со 11, Чиле со 10, Боливија со 9 и Венецуела со 7 бодови.