Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев, го најави вечерашниот натпревар Македонија-Германија. Пандев, ја предводеше Македонија до сензационалната победа над Германија, пред шест месеци во Дуизбург.
Пандев, по Европското првенство, се повелече од национаниот тим. Покрај рекордерот, од репрезентацијата замина и селекторот Игор Ангеловски.
Неговиот наследник, Благоја Милевски, мандатот го започна со три нерешени резултати (Ерменија, Исланд, Романија), а в петокот во Лихтенштајн ја забележа првата победа.
Впечатокот е дека Македонија, во септември, испушти голема шанса да се зацврсти на второто место место.
„Овој меч ќе биде поинаков од оној во Дуизбург, најмногу поради новиот селектор. Благоја Милевски не го познавам добро, знам дека ја смени тактиката. Јавноста верува дека можеме дека бидеме втори во групата. Имам впечаток дека навивачите повеќе веруваат во второто место од селекторот Милевски. Тој вели дека сега го подготвува тимот за квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година“, рекол. Пандев во интервју за „Зидојче цајтунг“.