Top Sport

Куртоа ја нападна УЕФА: Играчите не им се важни, важно е џебовите да им бидат полни

„Нема логика да се игра натпреварот за третото место во Лигата на нации“, изјави Тибо Куртоа по поразот на Белгија од Франција (2:3), а вчера откако неговата репрезентација го загуби и мечот против Италија (1:2), жестоко ја нападна УЕФА.

„Мораме да бидеме искрени, во оваа игра важни се само парите. Овој натпревар го игравме само поради тоа што УЕФА ќе заработи дополнителна сума на пари. Видовте колку промени имаше во двете репрезентации. Тоа само покажува дека играме премногу натпревари“, рекол Куртоа и продолжил.

„Сега имаат и ново натпреварување, Конференциска лига. Секогаш е исто. Можат да се лутат што некои тимови ја поддржаа Суперлигата, но тие не се грижат за играчите, се грижат само за своите џебови. Сега слушаме дека секоја година ќе се игра светско или европско првенство. Кога ќе добиеме одмор? Никогаш. Не се грижат за играчите. Не сме роботи. Се зголемува бројот на натпревари, имаме малку време за одмор. Никој не се грижи за нас. Наредната година е светското првенство во ноември и потоа повторно ќе играме за клубовите до јуни. Три недели одмор, за фудбалери кои се натпреваруваат 12 месеци не се доволни. Ако молчиме се ќе остане исто“, заклучил Куртоа.

Scroll to Top