УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов му честиташе на „Џипси кинг“, британскиот тешкаш Тајсон Фјури кој во саботата го „уништи“ Дионтеј Вајлдер за да ја одбрани својата ВБЦ титула со сензационален нокаут во 11. рунда.
„Тајсон, честитки, честитки. Многу добар меч. Мојот тренер сака исто да ти честита“, вели Хабиб во видеото по што Хавиер Мендез, шефот на Американската кикбокс академија му честита а Фјури.
33-годишниот Нурмагомедов смета дека Фјури е апсолутно најдобриот боксер на планетата.
„Во моментов тоа сигурно е Тајсон Фјури. Во тешка категорија, не поразен, и ги победува сите. Има и други добри, како Канело Алварез, Олександер Усик, Терес Крофорд, го следам боксот детално. Но, на врвот е Тајсон Фјури. Сега сакам меч Усик-Фјури, тоа би било фантастично, бидејќи двајцата имаат неверојатна техника“, вели Нурмагомедов.
? recognises ?@TeamKhabib with a message for @Tyson_Fury ?
But coaching stops for no one… ? pic.twitter.com/VL6wDYOlwc
— UFC on BT Sport (@btsportufc) October 11, 2021