Неколку навивачи на Ливерпул биле нападнати од 20 хулигани во Киев, пренесуваат англиските медиуми. Маскирани хулигани ги нападнале англиските навивачи, во близина на Олимпискиот стадион во Киев, каде в сабота Ливерпул и Реал ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите.
Очевидци на медиумите им рекле дека хулиганите ги нападнале англиските навивачи како што напаѓа „глутница на кучиња“.
Навивачите спас побарале во еден ресторан во близина на стадионот, користејќи ги столчињата како заштита, откако хулиганите тргнале по нив.
„Не бркаа со скршени шишиња, фрлаа по нас со столици. Повредија неколкумина. Беше застрашувачки“, рекол 50-годишниот Џејсон Фрост, кој неколку часа претходно слетал во Киев.
Локалната полиција наводно уaпсила двајца од хулиганите, а Англичаните тврдат дека приведени биле и неколкумина од навивачите што биле цел на нападот.
Англиските медиуми пишуваат дека во Киев се постојат неколку екстремни навивачи групи.
Ливерпул и Реал Мадрид, од УЕФА, за своите навивачи добија по 16.626 влезници. Стадионот во Киев има капацитет од 63.000 места.
Dynamo Kyiv hooligans attacked some Liverpool fans tonight.. #LFC pic.twitter.com/FXX9b9fdSL
— TheRealCasuals (@Real_Casuals_66) May 24, 2018