Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Серхио Ромеро е на медицински тестови во Венеција, пред потписот на договорот со новиот италијански прволигаш, објавуваат италијанските медиуми.
34-годишниот поранешен аргентински репрезентативец со 96 настапи, беше ослободен од Јунајтед во јули и ќе пристигне во Италија како слободен агент. Тој играше за Монако и Јунајтед откако замина од Сампдорија во август 2013 година.
Ромеро пристигна во Италија во август 2011, кога дојде во Сампдорија од АЗ Алкмар, за кои играше од 2007 година.