Џон Фјури, таткото на ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури вели дека единствен боксер против кого неговиот син може да влезе во рингот е непоразеиот Украинец Олександер Усик, додавајќи дека сите други понуди за мечеви ќе бидат игнорирани.
Фјури уште еднаш се докажа како најдобриот тешкаш на денешницата, нокаутирајќи го Дионтеј Вајлдер во 11. рунда во фантастичен меч во Лас Вегас, ставајќи крај на трилогијата мечеви со малку вистински предизвикувачи.
„Или нека зборува со Усик или ништо друго. Да сум на место на Тајсон не би се мачел со било кој друг, бидејќи не се во класата на Тајсон“, вели 57-годишниот Џон Фјури, инаку познат како одличен боксер без ракавици во својата младост.
Усик се искачи на врвот на кандидатите, откако го совлада на поени Ентони Џошуа минатиот месец, освојувајќи ги ВБА, ИБФ, ИБО и ВБО титулите, и најверојатно ќе има римеч со Британецот, така ставајќи крај на надежите за британска пресметка меѓу Фјури и Џошуа. Фјури, пак, би можел да боксува со првиот предизвикувач за ВБЦ трофејот, Дилијан Вајт.
„Дали Дилијан Вајт би можел да го победи Вајлдер? Не! Тогаш зошто го ставаме во ринг со мојот син. Вајт беше нокаутира од 42-годишниот Русин Поветкин со еден удар. Тајсон не може да си дозволи такви мечеви. Тајсон е најдобар кога е против најдобрите. Затоа му кажав: Или Усик или никој друг“, додава Фјури.