Фудбалерите и тренерскиот тим на Њукасл јунајтед добија посебна посета денеска, дел од новите сопственици по преземањето на клубот од 305 милиони фунти минатата недела.
Аманда Ставели, малцинскиот сопственик на клубот и нејзиниот сопруг Мердад Годуси добија турнеја низ тренинг-центарот на Њукасл во Дарсли парк. Ставели е директор на ПЦП Капитал партнерс, главниот преговарач за саудиското преземање на клубот и сопственик на 10 отсто од клубот (саудискиот ПИФ фонд е газда на 80 отсто). Џејми Реубен и неговиот брат ги имаат преостанатите 10 отсто.
На состанокот не беше новиот директор на клубот Јасир Ал-Румајан, но Ставели им ги пренесоа впечатоците и идеите на фудбалерите. Единствен кој беше отсутен од дружбата беше менаџерот Стив Брус, кој се очекува да добие отказ оваа недела. Според британските медиуми, Њукасл ќе мора да му исплати 8 милиони фунти на 60-годишниот Брус ако сака предвреме да му го раскине договорот.
Кој ќе биде негов заменик, засега е најасно, но има неколку фаворити – поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавр, Брендан Роџерс од Лестер и Стивен Џерард, кој работи со Глазгов Ренџерс.
? Amanda Staveley and Mehrdad Ghodoussi introduce themselves at the #NUFC training ground.
⚫️⚪️ pic.twitter.com/bokgAiHb4D
— Newcastle United FC (@NUFC) October 11, 2021