Германската фудбалска репрезентација, очигледно, е дојдена по одмазда во Скопје, откако имаа доминантно прво полувреме во клучниот меч од квалификациите за Мундијалот во 2022, иако резултатот е 0:0 по 45 минути игра.
Тимот на Ханси Флик, почна офанзивно, со постојан притисок кон нашиот гол, и имаше повеќе ситуации во кои Каи Хаверц и Серж Гнабри беа постојано опасност. Со посед на топката од над 70 отсто, „маншафт“ беше во постојан напад.
Во 22. минута, по фаулот на Аријан Адеми над Каи Хаверц, македонскиот репрезентативец се повреди и мораше да излезе од игра по неколку минути игра. Слободниот удар на Керер, пак, заврши во живиот ѕид, по што Гнабри упати опасен удар, кој Димитриевски го одбрани.
Елиф Елмас во 25. минута од мечот ја имаше најдобрата шанса за Македонија, кога по асистенција на Јаховиќ упати удар кој заврши во рацете на Мануел Ноер. Во 42. минута од мечот пак, Тимо Вернер, за среќа не реагираше најдобро по убавата шанса во нашиот шестнаесетник, за две минути подоцна повторно да го тестира одличниот Димитриевски, сега со многу поопасен удар. Во 47. минута, по мала декоцентрација на нашата одбрана, Вернер повторно стрелаше и овојпат ја погоди пречката!
Во дуелот на директните ривали на Македонија за второто место во групата Ј, Романија има 1:0 водство против Ерменија, откако Александру Митрица постигна гол во 26. минута по корнер и по лошата реакција на ерменскиот голман. Ваков резултат ги поставува Романците во најдобра позиција за второто место, бидејќи во последните две кола го пречекуваат Исланд и гостуваат кај Лихтенштајн, додека ние гостуваме кај Ерменија и играме дома со Исланд.
СП 2022 КВАЛИФИКАЦИИ, ГРУПА Ј, ПО 45 МИНУТИ
МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА 0:0
РОМАНИЈА – ЕРМЕНИЈА 1:0
Митрица 26′
ИСЛАНД – ЛИХТЕНШТАЈН 2:0
Тордарсон 19′, Гудмундсон 35′ (п)
Ф0т0: ЕПА
MITRITA !! pic.twitter.com/MrIdmfyOUc
— Le Football en VOD XLI (@vodxl1) October 11, 2021