Германија е многу блиску до победа во Скопје и до тоа да станат првата репрезентација од Европа која обезбедила пласман на Мундијалот во Катар во 2022 година, откако Тимо Вернер по сите промашувања против Македонија, во 70. и 74. минута да им донесе 0:3 водство на репрезентацијата на Ханси Флик во Скопје.
Напаѓачот на Челси постигна убав гол, повторно по асистенција на Томас Милер, за да се „извади“ за првиот меч во Дуизбург, кога ние славевме со 2:1, а тој стана предмет на потсмев по катастрофалното промашување на празен гол. Сега, со два гола за четири минути, во Скопје, одмаздата е слатка.
3-0 Germany, a nice curler by Timo Werner. Perfection ? pic.twitter.com/McBYVQg44u
— RonaldoFan7 (@ManUtdRonaldo7) October 11, 2021