Top Sport

Грешката во одбраната скапо не чинеше – Хаверц носи водство за Германија

По првото полувреме во кое успеавме да го сочуваме нашиот гол благодарение на одличните интервенции на Столе Димитриевски и лошата реализација на Тимо Вернер, на стартот на второто полувреме со Германија една грешка скапо ја плативме.

Во 50. минута од мечот, по „пропаѓањето“ на цела наша одбрана, Томас Милер му асистираше на ѕвездата на Челси, Каи Хаверц, кој ја смести топката во нашата мрежа.

Scroll to Top