Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во Монте Карло се сретнал со легендарниот Формула 1 возач, Мика Хакинен и не пропушти Финецот да го повози во својот автомобил вреден повеќе од милион долари.
Ѓоковиќ, со соседот од „малото кнежевство“, инаку двоен светски првак во Формула 1 свртел еден круг по улиците на Монте Карло, во автомобилот „Мекларен П1“.
Србинот ја искористил можноста да го види моделот кој во основната верзија чини 1.150.000 долари и да добие превоз од Финецот до ресторанот кој е во сопственост на Ѓоковиќ.