Top Sport

МЗТ раскина со Џенсен, Спасојевиќ нов играч на „штрковите“

Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром и американскиот крилен играч Даниел Џенсе, договорија спогодбен раскин на соработката. Џенсен ен ги оправда очекувањата поради што МЗТ на негово место го донесе Црногорецот Радосав Спасојевиќ.

Спасојевиќ, има 25 години висок е 204 сантиметри, а со клубот од Аеродорм потпиша договор до крајот на оваа сеозна.

Минатата сезона настапуваше за Мега Бемакс за која одигра 19 натпревари во АБА-лигата со просек од 9,9 поени и 3,5 скока.

Претходно, две сезони настапувал за Сутјеска, а има играно уште и за австриска Аркадиа и шпански Овиедо.

Scroll to Top