Македонскиот селектор, Благоја Милевски не го криеше разочарувањето од тешкиот 0:4 пораз од Германија, со кој нашите шанси за второ место во групата и пласман на СП во Катар во 2022 се во доменот на теоријата, но потсети дека градиме нова фудбалска генерација.
Тој исто така се извини на навивачите кои и покрај лошото време дојдоа на „Тоше Проески“ за да ја поддржуваат Македонија.
„Благодарност и извинување до публиката, бидејќи беше прекрасно да се биде на терен, но одигравме лошо и полно со грешки. Не се откажуваме од квалификациите и ќе се обидеме да ја искористиме шансата до крајот на истите. Но, ние сме во фаза на создавање на нова генерација за следниот квалификациски циклус“, вели Милевски.
Фото: ФФМ