Бранителката на трофејот во Индијан Велс, Бјанка Андреску, не успеа да се пласира во осмина-финалето. Естонката, Анет Контавејт, ја елиминираше Андреску.
Конравејт победи во два сета, 7;6, 6:3. Естонката ја продолжи позитивната низа против Андреску. Ова беше нивно третото соочување кое заврши со нејзина победа.
Контавејт, во осмина-финалето ќе игра против Бразилката, Беатриз Хадид Маја. Бразилката која е 115. на ВТА листата, го направи најголемото изненадување во досегашниот тек од турнирот.
Таа, за само 70 минути, ја победи третата носителка Каролина Плишкова со 6:3, 7:5.