Вилијам Мозли повеќе не е играч на кошаркарскиот клуб Партизан. Американецот и клубот спогодбено ја прекинале соработката.
Мозли, во Партизан, пристигна во мандатот на Андреја Тринкиери, на почетокот на сезоната 2019/2020. Минатата сезона ја заврши со просек од 6,5 поени и 5,8 скока по натпревар во АБА лигата, додека на 12 натпревари во Еврокупот во просек бележел по 4,4 поени и 4,7 скока.
Мозли со Партизан освои два трофеи – Купот на Србија и АБА Суперкупот.