И покрај неизвесноста околу иднината на клубот и слабите резултати, Милан ги распродаде сите билети за дербито против Јувентус, а се очекува дека над 730 милиони луѓе ќе го гледаат италијанското дерби.
Двата најголеми италијански клубови се среќаваат денеска во 18 часот, а официјалниот веб-сајт на Милан потврди дека сите билети се распродадени и дека 78.328 фанови ќе присуствуваат на мечот, кој ќе биде прикажуван во над 200 земји од светот.
На мечот свое присуство потврдија многу ѕвезди на италијанскиот фудбал: Франко Барези, Филипо Гали, Даниеле Масаро, Паоло Малдини, Пјетро Виерховод, Масимо Одо, Мауро Тасоти, Кристијан Виери, Анџело Карбоне, Марек Јанкуловски и Џузепе Фавали.