Мохамед Салах и Кевин Де Брујне биле и „повеќе од добри“, но поради несогласувања со Жозе Мурињо не добиле шанса во Челси, открива поранешниот вработен во клупската администрација, Еди Њутн.
Салах и Де Брујне, не можеа никако да си обезбедат место во стартниот тим на Челси, додека менаџер беше Мурињо. Станува збор за мандатот на Португалецот од 2013 до 2015 година.
Белгиецот од „Стенфорд Бриџ“ си замина во 2014 година. Одигра одлична сезона во Волфсбург, која му овозможи трансфер вреден 70 милиони евра во Манчестер сити.
Салах од Челзи замина во 2016 година во Рома, откако претходната сезона ја мина на позајмица во Фиорентина. Египќанецот последните четири сезони е играч на Ливерпул.
Двајцата сега се меѓу најдобрите играчи во Премиер лигата.
„Талентот на Салах и Де Брујне не беше проблем“, рекол Њутн и дополнил.
„Проблем беа личните несогласувања што ги имаа со Мурињо. Тогаш тоа не функционираше. Беа и повеќе од добри, но менаџерот не се согласуваше со нив“.
Еди Њутн работел во Челси од 2012 до 2020 година.