Екипата на Рома го доби првото засилување за новата сезона. Нов играч на „волчицата“ е повремениот бразилски репрезентативец Талиска.
Овој 24-годишен фудбалер изминатите две години како позајмен играч од Бенфика го носеше дресот на Бешикташ.
„Кариерата ќе ја продолжам во Рома. Ги договорив сите услови. Во Бешикташ имав две прекрасни години, но дојде време да се разделам со овој клуб“, рекол Талиска.
Талиска за Бешикташ одиграч 78 натпревари, на кои постигнал 37 гола. Минатата сезона, во сите натпреварувања, постигнал 20 гола.